Ќе се легализира собирањето на пластични шишиња

Bez autora
May 31 2011

Како ќе го третираат амбалажниот отпад, дел од македонските компании имаат уште 30 дена да се одлучат, бидејќи до 30 јуни мора да се усогласат со Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Законот стапи на сила пред шест месеци, при што компаниите се обврзани ретроактивно да ги покријат трошоците, а локалната власт и комуналните претријатија да постават контејнери за селективно собирање на отпадот, односно пластика и стакло. Според Филип Ивановски, директор на "Пакомак", засега единствена регистрирана компанија за собирање амбалажен отпад во земјава и членка на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклажа при Стопанската комора на Македонија законот предвидува три опции за фирмите, сами да го собираат амбалажниот отпад од крајните корисници и да го носат на рециклирање што претставува скапа варијанта, да се здружат во една компанија или оваа обврска да ја препуштат на државата, но за тоа да и плаќаат според предвидениот тарифник што, исто така, е скапо.

Ќе се легализира собирањето на пластични шишињаКако ќе го третираат амбалажниот отпад, дел од македонските компании имаат уште 30 дена да се одлучат, бидејќи до 30 јуни мора да се усогласат со Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Законот стапи на сила пред шест месеци, при што компаниите се обврзани ретроактивно да ги покријат трошоците, а локалната власт и комуналните претријатија да постават контејнери за селективно собирање на отпадот, односно пластика и стакло.

Според Филип Ивановски, директор на "Пакомак", засега единствена регистрирана компанија за собирање амбалажен отпад во земјава и членка на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклажа при Стопанската комора на Македонија законот предвидува три опции за фирмите, сами да го собираат амбалажниот отпад од крајните корисници и да го носат на рециклирање што претставува скапа варијанта, да се здружат во една компанија или оваа обврска да ја препуштат на државата, но за тоа да и плаќаат според предвидениот тарифник што, исто така, е скапо.

- Разликата во цена за собирање отпад доколку оваа услуга ја прави државата или "Пакомак" е значително различна и тоа за тон пластика е 310 евра обврска кон државата, наспроти 26 евра кон "Пакомак". Или за хартија 101 евро наспроти 25 евра за тон - објаснува Ивановски.

Во процесот на прибирање на отпадот ќе се вклучат и неформалните собирачи кои во моментов во земјава ги има од 3.000 до 5.000 лица.

- Во првата фаза сите нема да можат да се вклучат легално во овој процес. Првично ќе бидат вработени околу 20 лица во одредени региони во Скопје. Во следните фази поголем број од нив ќе бидат вклучени преку формирање на фирми што ќе биде нивни партнери - вели Ивановски.

Во Македонија се проценува дека годишно има околу 100.000 тони амбалажен отпад. На овој Закон подлежат сите компании што имаат на годишно ниво 800 тони отпад стакло и 300 тони пластика, а законот не ги обврза услужните компании. Анализите покажуваат дека 80 проценти од компаниите треба да станат дел од овој процес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik